Пуштен во употреба дел од регионалниот пат Зрновци-Карбинци

Од:

Во општина Зрновци денеска беше пуштена во употреба делницата од населеното место Видовиште до Теранци, која е дел од регионалниот пат Зрновци – Карбинци.

Делницата е во должина од 2,5 километри и за неа се инвестирани 14,5 милиони денари.

На свеченото отворање присуствуваа градоначалниците на општините Карбинци, Чешиново-Облешево и Зрновци и заменик директорот во Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов.

– Патот е од особена важност за жителите на десетина населени места од трите општини во Источна Македонија и преку него во должина од 19,3 км ќе се поврзуваат општините Штип, Карбинци, преку Зрновци до Виница, истакна Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.

Заменик-директорот на Јавното претпријатие за државни патишта најави дека од 2014 до 2017 година е планирана изградба и асфалтирање на земјениот пат од 10,6 километри од Теранци до Аргулица, за што Владата и Јавното претпријатие за државни патишта имаат обезбедено 50 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

До 18 часот регистрирани 18 пожари на отворено, четири се активни

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Предраг Петровиќ

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници