Изборите во Украина: Голема октомвриска револуција?

Од:

Сите водечки партии во Украина подготвија списоци за кандидати за пратеници во државниот парламент. Вонредните избори за Врховната Рада ќе се одржат на 26 октомври.

Најмладиот, но затоа најпрезидентскиот Блок на Петар Порошенко во рејтинзите задолжително го зазема првото место. Резултатите зависат од тоа чија фирма го вршела истражувањето, но на него прогнозираат од 25 до 37 отсто гласови. Самиот Порошенко поседува солиден дел од украинските електронски медиуми и ТВ станици.

Во принцип на претстојните избори ќе биде повторена варијантата со избор на Порошенко за претседател, кога никаква реална конкуренција немаше и дури предизборна кампања како таква немало, туку беа само рејтинзи, вели пратеникот на Врховната Рада на Украина Александар Голуб.

Оваа кампања нема ништо заедничко со слободните демократски избори. Нема да гласаат многу региони – Донбас и Луганск со население од околу седум милиони жители. Во 40 региони е невозможно да се спроведат избори. А во тие делови на југоистокот кои се окупирани од казнени трупи на Киев, изборите ќе бидат фалсификувани. На крај мнозинство во новата Рада ќе добијат крајните десни националисти.

Во таа нова Рада ќе има многу независни, непристрасни пратеници, што едноставно нема да им дозволат да работат. А земајќи ја предвид љубовта на нашата Рада според расправиите, мајданите и бунтовите, новата Рада нема да издржи повеќе од една година, смета Александар Голуб.

Победата на про-претседателскиот блок најмногу му треба на Порошенко, тој нема реална поддршка во парламентот и на тие во Украина кои сеуште веруваат во постигнување на мир. Токму Порошенко се согласи на мировниот план за Донбас и подготвен е да започне преговори со Новоросија.

Токму со тоа и можат да се објаснат високите рејтинзи на неговиот блок: Украинците се изморени од војната. Второто и третото место, ако се верува на истите тие анкети, го делат Радикалната партија на украинскиот фирер Олег Љашка и Баткившчина на поранешниот премиер Јулија Тимошенко. Тие имаат зад себе по 14-20 отсто гласови. За сега зад нив малку заостанува, но ги стигнува Народниот фронт. Тоа е творевина на поранешните витези на Тимошенко, кои свртеа грб на својата гасна принцеза: премиерот Арсениј Јацењук, претседателот на Рада Александар Турчинов, министерот за внатрешни работи Арсен Аваков. Како кандидати тие истакнаа околу 15 команданти на украинскиот батаљон, кои водат војна во Донбас.

За четвртото и петтото место се бори националистичката партија Свобода на Олег Тјагњибок. И понатаму стојат тие кои едноставно сметаат дека ќе ја надминат границата од пет отсто. Силната Украина на бизнисмените Сергеј Тигипко, Граѓанската позиција, Опозицискиот блок од половина умерени партии.

Шансите на опозицијата да успеат во Рада прилично се мали, смета главниот уредник на весникот Киевски телеграф, украинскиот политиколог Владимир Скачко.

Можеби во некои кругови дури без оглед на притисок и заплашување, ќе поминат пратеници на малцинските партии, кои вака или така ќе ги претставуваат левите, националистички сили. Но, во целина, во Украина веќе е завршено чистењето на прорускиот и левиот сегмент. Постои голема веројатност дека внатреполитичкиот раскол во Украина уште повеќе ќе се продлабочува.

Ако се верува на прогнозите на украинските аналитичари, новата Рада ќе види двовластие од две партии на власт: Народниот фронт на Јацењук и Блокот на Петар Порошенко. Реална основа на фронтот не се командантите на доброволните батаљони АТО, туку министерско-губернаторските кругови на чело со Јацењук. Со таков административен ресурс премиерот тешко може да изгуби. Се ќе зависи со кого фронташите и Порошенко можат да стапат во коалиција. Во секој случај, новата Рада нема да донесе стабилност на Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми