ОБСЕ планира за повеќе од шест пати да го зголеми бројот на набљудувачи во Украина

Од:

Генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Ламберто Заниер изјави во Њујорк дека ОБСЕ планира да го зголеми бројот на своите набљудувачи во Украина за повеќе од шест пати.

– Навистина сакаме доколку е можно да придонесеме за стабилизирање на примирјето и за намалување на кризата. Соработниците на ОБСЕ во зоната на конфликтот ќе станат 500, рече Заниер. Во Украина во моментов се наоѓаат 80 набљудувачи на ОБСЕ.

Заниер истакна дека примирјето во целина се почитува и додаде дека ОБСЕ најостро ги осудува обидите за негово нарушување.

– Не е во ред примирјето да се користи од некоја од страните за добивање на воена предност, бидејќи тоа може да доведе до уривање на се што досега е постигнато, изјави тој.

Заниер во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун, со кого разговараше за мирното решевање на украинскиот конфликт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми