Делегацијата на Комунистичката партија на Кина, која престојува во посета на Република Македонија, денеска ќе има средби во македонското Собрание.
Членовите на делегацијата ќе се сретнат со потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонијо Милошоски и претседателот на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, Силвана Бонева, како и со пратениците Зоран Илиоски, Никола Мицевски, Ане Лашкоска и Магдалена Манаскова.