Се реконструира патот од село Ресава кон село Бегниште

Од:

Се реконструира патот од кавадаречкото село Ресава кон соседното село Бегниште, двете во близина на Тиквешкото Езеро. Според градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов, станува збор за еден од најфреквентните локални патни правци во кавадаречката општина кој добива целосно нов асфалтен слој.

– Патот е долг четири километри, а е со широчина од 5,5 метри. Се поставуваат и нови шанци и канафки. Изведувач на градежните работи е градежната компанија Гранит. Реконструкцијата на работите се изведува со државни пари. За заокружување на целосната финансиска реконструкција на овој заедно со патот од Кавадарци до Ресава беа обезбедени и пари од странски инвеститори, нагласи Панов.

Задоволство од реконструкцијата на патот изразија и граѓани кои секојдневно гравитираат во тој дел на Тиквешијата.

Би можело да ве интересира

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти