Третиот конвој со руска хуманитарна помош пристигна во Доњецк

Од:

Третиот конвојот со руска хуманитарна помош пристигна во Доњецк, а патувањето минало без проблеми, јави ИТАР-ТАСС.

Во колоната има околу 200 возила, кои превезуваат прехранбени продукти за жителите на југоисточна Украина, вклучувајќи зрнести култури и конзерви, а исто така и агрегати, лекови, топла облека и флаширана вода за пиење, со што вкуниот товар што го носат изнесува две илјади тони.

Ова е третата колона со руска хуманитарна помош за југоисточна Украина. Со првите две во Луганск беа доставени вкупно четири илјади тони хуманитарна помош.

Меѓународниот црвен крст достави вчера 60 тони храна во Луганск.

– Помошта претставува дополнување кон товарот, донесен изминатите недели од Русија и други места за потребите на зоната, која е под контрола на проруските сепаратисти, се наведува во соопштението на Црвениот крст.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми