„Хелен Дорон“ донираше изучување англиски јазик во Домот за деца без родители „11 Октомври“

Од:

Децата без родители од Домот „11 Октомври“ секоја сабота во наредните три месеци ќе учат англиски јазик, според програмата на меѓународното училиште „Хелен Дорон“. Центарот „Хелен Дорон“ ја почнува кампањата за јазична едукација на децата во Македонија од Домот „11 Октомври“, донирајќи им бесплатни часови на неговите штитеници.

Брендот „Хелен Дорон“ постои 25 години во едукацијата на децата и се применува во над 40 земји. Во Македонија „Хелен Дорон“ отвора центри во Скопје, Битола, Струмица и Радовиш.

– „Хелен Дорон“ е посебна програма за рано изучување на англискиот јазик, со стимулирање на сите сегменти од развојот на детето. Не сме класичен центар за изучување англиски јазик, туку многу повеќе од тоа. Одлучивме промоцијата на методот и бенефитот од оваа програма да ја почнеме од Домот „11 Октомври“. Оваа донација е наша желба веќе подолг период, па ни е особена чест што токму во пресрет на новата учебна година на центрите, наши ученици ќе бидат и децата од Домот за деца „11 Октомври”. Убедени сме дека програмата ќе им се допадне, изјави Валентина Динева, сопственик на „Хелен Дорон” за Македонија.

Овие центри за рано изучување на англискиот јазик работат по програми со кои децата се подготвуваат за течно говорење англиски како и нивниот мајчин јазик. Часовите се интерактивни, наставници од „Хелен Дорон“ еднаш неделно до крајот на годинава ќе работат со децата во „11 Октомври“.

– Благодарни сме им на центрите „Хелен Дорон” што во новата школска година им овозможија на децата да се запознаат со програмата која е навистина интересна и ефикасна. Она што со сигурност можам да го потврдам, е дека децата нема да пропуштат ниту еден час бидејќи музичките дискови од програмата веќе се слушаат кај нас. Децата се навистина среќни, изјави Ристенка Атанасова, директор на Домот „11 Октомври”.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Мицкоски: Верувам и дека достоинството, идентитетот и принципиелноста не треба да се пречка за европската перспектива

Предраг Петровиќ

Кошта: Усвојувањето на уставните измени останува единствен начин за почнување на пристапните преговори

Приведен Стефан Богоев и повеќе лица осомничени дека го искористиле своето влијание, положба и углед за стекнување имотна корист од големи размери

Предраг Петровиќ

Чамците и скутерите летово со ограничено пловење на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро

Петрова: Бугарските услови остануваат дел од патот на Македонија кон ЕУ