А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Одбележување на Светската недела на нарушување на растот

by А1он19/09/2014 - 10:14132
Share0

Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ денеска ќе се придружи на глобалното одбележување на Светската недела на нарушување на растот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во рамки на одбележувањето на Светската недела на нарушувања на растот на плоштадот „Македонија“ ќе биде организирано бесплатно мерење на висината и тежината на сите дечиња кои ќе имаат желба да проверат дали нивната висина е соодветна за возраста. Мерењето ќе се одвива денеска во периодот од 10:30 до 16:00 часот и ќе бидат реализрани од медицински екипи на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Дел од дечињата со нарушувања на растот членови на ова Здружение ќе продефилираат низ улица „Македонија“ и плоштадот „Македонија“ заедно со малите фудбалерчиња од Фудбалкиот клуб „Ѓорче Петров“, предводени од поранешниот репрезентативец Васко Божиновски.

Целта, како што велат од Здружението, е да се подигне самодовербата кај дечињата и да се укаже на важноста на физичката активност кај сите деца како предуслов за здрав раст и развој.

Следете a1on на Youtube YouTube

Одбележувањето на Светската недела на нарушувања на растот е поддржано од Фондот за здравствено осигурување на РМ, Министерството за труд и социјална политика на РМ, ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата Козле – Скопје, ЕВН, Ново Нордиск и Екошарк.

makedonija

Би можело да ве интересира

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ26/08/2026 - 14:5726/08/2026 - 15:43

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски26/08/2026 - 11:5826/08/2026 - 12:48

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 17:29

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 16:28

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 14:20

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео