Порошенко побара голема поддршка од САД

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска побара голема поддршка од САД за Украина во нејзината борба со проруски сили на југоисток на земјата, која би вклучувала и воена и невоена помош, како и построги санкции кон Москва и специјален безбедносен статус за Киев.

– Силно ги охрабрувам САД да ни дадат специјален безбедносен и одбранбен статус, кој овозможува најголемо ниво на интеракција со сојузниците кои не се членки на НАТО, изјави Порошенко во обраѓањето пред членовите на американскиот Конгрес.

Тој побара поголема помош за украинската војска, изјавувајки дека на Украина и е потребна поголема политичка поддршка пошироко во светот. – Потребно е поголема воена опрема, нагласи Порошенко.

– Ќебињата и средствата за ноќно надгледување се исто така важни, но војна не може да се добие со ќебиња, наведе тој.

Тој воедно побара построги санкции кон Русија, поради како што рече, „одземањето на Крим од Украина“ и поради поддршката на сепаратистичкото движење.

Во текот на посетата на Порошенко во Вашингтон, Администрацијата на американскиот претседател најави дека САД ќе и понудат на Украина пакет-помош вреден 53 милиони долари. Од тоа 46 милиони долари се предвидени за хуманитарна помош.

Порошенко би требало во текот на вечерва да се сретне со претседателот Барак Обама.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми