ЕП бара стопирање на изградбата на „Јужен поток“

Од:

Европскиот парламент на денешната пленарна седница во Стразбур усвои резолуција, со која бара поостри санкции кон Русија и стопирање на изградбата на гасоводот „Јужен поток“.

Со резолуцијата за која гласаа 77 отсто од вкупниот број пратеници, се изразува силна поддршка кон суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, а од Русија се бара итно да ги повлече своите воени сили од земјата и да престане да ги поддржува проруските сили.

Повикувајќи се на поострите санкции кон Русија, Парламентот зазеде став дека „Јужен поток“ не треба да се гради, туку треба да се обезбедат други извори за енергенси.

Само 49 пратеници, односно девет отсто, гласаа против резолуцијата.

Гасоводот, чија изградба е во тек, според планот би требалo да минува низ Црното Море и Балканот и да звршува во Австрија, со што би се елиминирала потребата за транзит на гас низ Украина.

ЕУ претходно зазеде став дека изградбата на „Јужен поток“ треба да се суспендира се додека проектот не се усогласи со европските прописи, но ова е првпат некоја од институциите на Унијата да побара тој да се стопира.

Резолуциите на ЕП не се задолжителни, но Европскиот совет и Европската комисија се должни да ги земат предвид при одлучувањето.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он