Киев: Русија распоредила околу 4.000 војници долж границата со Украина

Од:

Украинската Влада денеска соопшти дека Русија распоредила околу 4.000 војници на полуостровот Крим, на границата со Украина.

– Според информациите со кои располагаме, речиси сите воени единици на Руската Федерација се стационирани во северниот дел на окупираниот Крим. Префрлени се на административната граница со Украина, а исто така и опремата и муницијата, изјави портпаролот на украинскиот Национален совет за безбедност и одбрана, Андриј Лисенко.

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу пред два дена истакна дека поради влошувањето на ситуацијата во Украина и зајакнатото воено присуство во близина на руската граница, ќе ги модификува активностите на командата на Јужниот воен округ, а еден од приоритетите на командата ќе биде распоредување „на комплетна воена групација во правец на Крим“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми