Националистите од украинското движење Десен сектор протесираа денеска пред зградата на Претседателството во центарот на Киев поради усвојувањето на законот за специјален статус за поединечни делови на Доњецката и Луганската област.
Националистите фрлаа петарди и шок бомби врз силите за безбедност, поради што припадниците на безбедносните сили морале да стават заштитни панцири.
Неколку стотици активисти на радикалното движење се собраа пред Претседателството, барајќи од украинскиот претседател Петро Порошенко да стави вето на законот за специјален статус и амнестија на милициите.
Врховата рада вчера го усвои законот за специјален статус на одредени делови од Доњецкиот и Луганскиот регион.
– Тој посебен статус е одреден за следните три години, рече Порошенко.
Парламентот исто така го усвои законот, со кој се забранува протерување и казнување на учесниците во вооружениот конфликт во источна Украина.