Според резултатите на анкетата на украинскиот Центар за социјални и маркетиншките истражувања (СОЦИОС), спроведено без териториите на Крим и деловите на Доњецк каде се водата борби, меѓу граѓаните најмногу доверба ужива претседателот Петро Порошенко, од кого најголем дел од анкетираните очекуваат решение за проблемите во Донбас – по мирен пат, дури 49 отсто, а по пат на сила 10,2 проценти.
Од испитаниците во Порошенко делумно доверба имаат дури 62,9 отсто од анкерираните, покажаа резултатите од анкетата спроведена по повод неговите сто дена на функцијата шеф на државата. Во целина постапките на Порошенко позитивно ги оценуваат 45,5 отсто од анкетираните граѓани, а негативно 25,8 проценти.
Кога станува збор за очекувањата од Порошенко, најголемиот број од анкетираните го навеле решението за Данбас по мирен пат (49 отсто), задржување на цените, зачувување на територијалната целовитост (38,5 проценти), зголемумавање на платите и пензиите (36,5 отсто) и намалување на невработеноста (33 отсто).
Од испитаниците само 10,2 одсто очекуваат решение за проблемот на украинскиот исток по пат на сила.
Според резултатите од анкетата, втор по рејтинг е премиерот Арсениј Јацењук со 53,9 отсто доверба, а по него селедуваат Антолиј Гриценко (48,8 прценти) и Олег Љашко (45,1 отсто).
Истражувањето е спроведено меѓу 5 и 10 септември со 2.800 граѓани постари од 18 години.