Над 2.400 украински борци се заробени или се водат како исчезнати во источна Украина

Од:

Над 2.400 борци од украинските сили за безбедност, кои учествувале во воената операција против проруските сепаратисти во источна Украина се заробени или се водат како исчезнати, објави денеска преку Фејсбук, Ирина Герашченко, помошничка на украинскиот претседател за прашањето за ситуацијата во источните области.

Таа додаде дека податоците се доставени од центар при Службата за безбедност на Украина, кој се занимава со ослободување на заробеници и потрага по исчезнати лица.

Герашченко истакна дека во центарот е отворена „црвена линија“ и блиските на лицата кои се заробени или исчезнати треба преку неа да достават информации за нив.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми