Вељаноски се сретна со српскиот министер за надворешни работи

Од:

Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски денеска се сретна со првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ.

На средбата е разговарано за актуелните случувања во регионот и во светски рамки, а разменети се и мислења за моменталните случувања во двете држави.

Двајцата соговорници изразиле желба за поскоро интегрирање на двете земји во Европската унија при што разговарале за предизвиците со кои се соочуваат државите на тој пат.

Потенцирани се добрите пријателски односи меѓу двете држави и меѓусебната поддршка, а како позитивни примери посочени се заедничката седница на двете влади и Спогодбата за условите за патување на државјаните на двете земји.

На средбата е разговарано и за економската соработка меѓу двете земји, која е оценета како добра со можност за подобрување.
Изразена е подготвеност за регионална соработка, како и продолжување на пријателството кое постои меѓу Македонија и Србија.

Би можело да ве интересира

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти