Украина и САД почнаа денеска со заеднички воени вежби во западниот дел од државата.
Вежбите се изведуваат во Лвовската област на полигонот Јаворив во близина до границата со Полска.
Во маневрите што ќе траат до 26 септември учествуваат околу 1.300 војници од 12 држави од НАТО.
Во вежбите се вклучени и држави кои не се членки на Алијансата, Азербејџан, Грузија и Молдавија. Вежбите се спроведуваат по барање на Украина.
Воената база Јаворв се наоѓа на околу 1.200 километри западно од украинските области Доњецк и Луганск, каде во изминатите месеци во судирите меѓу владините сили и сепаратистите загинаа околу 3.000 луѓе.