Тим набљудувачи на ОБСЕ под удар на онено оружје кај Доњецк

Од:

Тим набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која го набљудуваше прекинот на огнот на истокот на Украина, синоќа се најде под удар на огнено оружје во близина на Доњецк, изјави неименуван претставник на ОБСЕ.

Според тој извор, никој не е повреден, но возилото е оштетено.

Ситуацијата во Доњецк беше напната и во утринските часови, а жителите на тој регионален центар на истокот на Украина наведоа дека се слушнала артилериска стрелба.

Портпаролот на украинскиот Совет за национална безбедност и соработка (СНБО) Володимир Пољовиј рече дека во текот на ноќта украинските сили одбиле напад на 200 борци на аеродромот, а дека војската не претрпела загуби.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми