Лајм: Одложено прогласување на Република Илирида по препорака на странците

Од:

Самопрогласениот претседател на Република Илирида, Невзат Халили, за онлајн изданието на весникот „Лајм” изјавил дека прогласувањето, што требало да се случи денеска, 15 септември е одложени по барање на меѓународниот фактор.

„Ние не се откажуваме од прогласувањето на Илирида, но по консултациите со претставници на меѓународниот фактор одлучивме овој чин да го одложиме за една поблиска иднина, за што јавноста навреме ќе биде информиран“, изјавил Халили за „Лајм”.

Како што пренесеува порталот „Алмакос“, Хамди Ндрецај-Пантер, кој тврди дека е наименуван за гененерал на Националната гарда на Република Илирида, изјавил дека остануваат уште неколку часа до прогласувањето и додава дека Републиката ќе има своја армија, полиција и други државни инситуции.

Тој посочил дека Републиката ќе биде моќен фактор за долгорочната стабилност на Балканот и во ЕУ Постоењето ќе биде во согласност со Повелбата на ОН и Европската Унија за правата на народите на самоопределување.

Таа, вели, нема да биде фактор во нови крвопролевања на Балканот, но ќе бара мирно одделување на двата ентитета во двете Републики како најдобро решение.

При тоа се апелира, како што велат, до Владата на ПЈРМ, да не провоцира конфликти со албанскиот народ и неговото право на самоопределување.

Би можело да ве интересира

ФОТО: Хамди како манекен ја претстави униформата на „Гардата на Илирида“!

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Среде Скопје се прогласува Илирида

Ана Ололовска