Ситуацијата во Доњецката област и утрово беше напната и жителите на тој регионален центар на истокот на Украина тврдат дека се слуша артилериска стрелба, известуваат украински и руски медиуми.
Властите на селото Пантелејмоновка во Доњецката област соопштија дека во саботата загинале тројца, а анети биле осум цивили.
Градските власти на Доњецк сооштија дека житлите на градот наведуваат дека во Ленинскиот, Петровскиот и Кировскиот кварт се слуша артилериска стрелба, иако во текот на ноќта немало активни воени дејствија, туку само спорадична престрелка од големокалибарско оружје.
Украинскиот „Штаб за антитерористичка операција“ соопшти дека е регистрирана стрелба врз позициите на украинската војска недалеку од населбата Попаснаја и аеродромот.
Во прес центарот на Штабот е соопштено и дека Оружените сили на Украина и единиците на другите структури ја утврдуваат линијата на одбрана.