Укинување на пресудата за тајност во Чиле

Од:

Како еден од Чилеанците кои имаат директни спомени од тешкото време од диктатурата на Пиноче, земјата продолжува да се соочува со прашањата како да се одржуваат спомените и да се справуваат со минатото. Како и во другите латиноамерикански држави, како,што се Аргентина, Бразил или Гватемала, прашањата за документирањето се дел од тие дебати, бидејќи државните досиеја се сосема или не се воопшто отворени за јавноста за да се дознае што е можно повеќе за минатите репресивни режими. И организациите за човекови права во Латинска Америка се обидуваат нивните влади да ги отворат досиејата, со помош на алатките како што се социјални медиуми и мрежи, за да се подигне јавната свест и да се изврши притисок врз властите.

Во 2014 ггодина, четириесет години по диктатурата и речиси 25 години по првата комисија за истражување на вистината – колективот за човекови права наречен Лондрес 38, започна кампања позната како „Доста веќе тајни архиви“ за да се отворат тајните (скриени, нејавни, негирани) архиви кои се повразни со диктатурата во Чиле. Кампањата досега е успешна и ја илустрира поврзаноста на физичките и виртуелните простори во постдиктаторското општество.

Лондрес 38 било поранешен затвор, центар за тортура и егзекуции во централен Сантијаго, но сега е здание отворено за јавноста како музеј за жртвите на диктатурата, и е паководено од колектив за човекови права со исто име. Една од главните задачи на Лондрес 38 е да се истакне важноста од пристап до архивите во одбрана на човековите права, и за граѓанските права во целина. Тие притискаат за подигнување на јавната свест за постоење на тајни архиви во Чиле, и вршат притисок врз владата да ги отвори овие документи за јавноста.

Постојат три главни групи на архиви кои Лондрес 38 ги истакнува како тајни;: прво, оние од двете чилеански комисии за вистината, за кој судија пресудил да бдиат затворени во следните 50 години; второ, архивите на германската енклава Колонија Дигнидад; и трето, оние во вооружените сили, во полицијата и кај разузнавачките служби.

Во последниве месеци, активисти кои се залагаат за одржување на спомените направија значаен прогрес во зголемувањето на транспарентноста во посдиктаторско Чиле. Лондрес 38 ја започнаа својата работа со традиционална петиција, и на хартија и преку интернет. Оваа организација отиде и понатаму, со користење на социјалните медиуми за да ја рашират својата кампања со хаштагтот #NoMásArchivosSecretos на Твитер. Лондрес 38 првично го користела овој хаштаг за да ги поврзе своите активности и за да и даде јавност на потицијата, но други корисници почнале да го користат истиот кога твиткале дека го додале своето име на петицијата. Чилеанските и глобалните набљудувачи исто користат твитови за да шират видеа на Јутјуб за самата организација.

На 15 јануари, акивистите доставиле 1,500 потписи до претседателската палата Ла Монеда. Ерика Хенингс, претседател на Лондрес 38, на започнувањето на кампањата кое го пренесе Ел Сиуданано рече: „Како место за спомените и сеќавањата, од самиот почеток сметавме за неопходноста од подигнување на забраната за тајноста која постои за овие архиви. Од една страна, тоа е дел од правото за достап до информации, затоа што е апсолутно неопхподно за целото општество да се открие што навистина се случувало“. Таа додаде дека архивите се „многу вреден извор за правни истраги кои ќе завршат на суд“.

На крајот на месецов, семејствата на уапсените и поранешните политички зтавореници од затворските центри Лондрес 38, Хозе Доминго Кањас и Вила Грималди, формално побараа судијата Хорхе Запеда, кој бил надлежен за истрагата во Колонија Дигнидад, да ги отвори документите кои биле пронајдени во германската енклава. Во изминатите години, официјални претставници од Колонија Дигнидад чувале досиеја за членови на полицијата и војската, политичари и исчезнати од тоа место. Оваа информација била воглавно забошотена од јавните извори, како што се весниците, но исто и од оние кои доставувале информации. Архивистот на Колонија Дигнидад, Герд Сивалд, кој почина во јуни на 93-годишна возраст, рече дека архивата била направена по наредба на водачот на колонијата, Паул Шафер, кој „секогаш сакал да биде информиран за луѓето околу него“.

Кога Запеда ја наредил полицијската рација во енклавата во 2005 година, офицерите заплениле околу 40.000 документи кои подцна биле прогласени за тајни. Организации за човекови права се сомневаат дека се тоа клучни докази за откривањето што се случило со некои уапсени/исчезнати луѓе.

На 7 април, како одговор на кампањата на активистите за спомените, судијата Запеда најави дека досиејата треба да се предадат до Меѓународниот институт за човекови права (ИНДХ) и до Советот за национална безбедност (ЦДЕ). Од Лондрес 38 потенцираа дека е неопходен непречен пристап до архивата на поранешната Колонија Дигнидад за да се открие магнитудата на злосторствата кои биле извршени таму. Судијата исто така дозволи објавување на 407 досиеја за луѓе кои починале во затворите Вила Гриналди, Лондрес 38, Хозе Доминго Кањас и Венда секси.

Активситите од Лондрес 38 кои ги добиле овие први досиеја и јавно ги објавиле на нивната веб страна, истакнаа дека овие досиеја го покажуваат тоа што го бараат организациите за човекови права веќе со години: дека сеуште постојат информации за луѓето кои исчезнале и биле егзекутирани за време на диктатурата. Иако ова претставува голем прогрес, активистите од Лондрес 38 потенцираат дека предавањето на досиејата е само мал дел од целата постоечка архива.

Кампањата да се отворат архивите на Колонија Дигнидад прими силен оддек во телевизиската програма „Ен ла мира“ на Чилевизион, која дојде до досиејата од колонијата и ги анализираше во епизодата од 9 јули, насловена како „Лас фишас де хорор“. Програмата исто така успешно ги искористи социјалните медиуми преку хаштагот #LasFichasDelHorror која ја користеа медиумите и поединци во јавноста. Таму бил објаснет системот на документирање во Колонија Дигнидад, вклучувајќи го и користењето на буквата „Д“ на папките за да се обележи исчензато лице, и самото откривање на архивите во еден бетонски бункер во колонијата. Потоа како последица од ова, претставници од телевизијата Чилевизион им предадоа на претставници на групите за одржување на спомените повеќе од 15,000 досиеја, вклучувајќи и на Лондрес 38 и на Музејо де ла меморија и лос деречос хуманос.

Сепак, архивите на Колонија Дигнидад не беа најголемиот успех оваа година. Во јуни Џенерал комптролер се согласи по барањето на ИНДХ за достап до документи од комисијата за откривање на вистината Валех 2, и со тоа им дозволија на ИНДХ право да ги споделуваат своите откритија со судството. Оваа одлука ја отвори вратата за идни гонења на службени лица од поранешната влада на Пиноче.

Лиле постигна важен успех кога станува збор за меморизирање на неодамнешното минато. Музејо де ла меморија, на пример, е извонреден пример за обезбедување на информации во врска со диктатурата. Влезот е слободен, зградата е отворена и пристапна, и често ја посетуваат групи на ученици, приватни лица и туристи.

И музејот и Лондрес 38 се силни зданија за спомените кои луѓето можат директно да ги посетат и доживеат, и двете места се вклучени во создавањето на дигитални архиви кои ќе обезбедат широк пристап до докумените и до информациите поврзани со спомените. Иако Чиле е вистинско посветено за соочување со своето минато, чиленаската држава сепак не може вечно да ги држи тајни архивите од времето на диктатурата.

Ворлд прес

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени