Во судирите меѓу украинските сили и сепаратистите кај градот Иловајск во источна Украина минатиот месец, загинаа најмалку 107 припадници на украинските Вооружен сили, соопшти во Киев министерот за одбрана Валериј Хелетеј.
– Претстои идентификација на уште загинати и можно е бројот на жртви да порасне. Ги загубивме најголемите патриоти, нагласи украинскиот министер.
Неколку баталјони на украинските Вооружени сили, на Националната гарда и доброволци кон крајот на август паднаа во заседа на проруските сепаратисти кај Иловајск во Доњецката Област.
Пред неколку дена, јавниот обвинител на Украина, Виталиј Јарма изјави дека во борбите кај Иловајск загинале „помалку од 200 лица“.