Грција продава дворец на кралското семејство и амбасади

Од:

Се спасува ли Грција од економската криза со распродажба на националното богатство. Според грчката телевизија „Антена“, Грција планира да продаде имоти во странство во кои се сместени дипломатски мисии.
Информацијата е објавена во електронското издание на Блумберг бизнисвик.
Според неименувани извори на списанието, во списокот на евентуални продажби се зградата на конзуларната служба во Лондон, која е во вториот најскап реон во британскиот главен град како и имоти во Брисел и Белград.

Се планира продажба или изнајмување долгорочно и на дворецот на кралското семејство во Тати, на 15 км. северно од Атина. Објектот бил летна резиденција на фамилијата и таму е роден кралот Јоргос Втори.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он