Украинската војска денеска соопшти дека успеала да одбие напад на проруски активисти на аеродромот во Доњецк, на истокот на Украина.
– Голем број проруски активисти со поддршка на шест тенкови извршија напад на аеродромот во петокот, кој нашите војници херојски го одбија, соопшти прес-службата на украинската војска за операции на истокот на земјата.
Киев и проруските активисти на 5 септември потпишаа протокол за прекин на огнот на истокот на Украина, кој воглавно се почитува.