Камбоџа бележи рекорден туристички промет

Од:

Во првите седум месеци годинава, во Камбоџа престојувале два милиони 500 илјади странски туристи, бројка која дури ги надмина и најоптимистичките очекувања.

Најбројни странски посетители се од Виетнам со речиси половина милион, 318.000 се од Кина и 267.000 од Јужна Кореја.

Министерството за туризам на Камбоџа, не пропуштајќи да истакне дека порастот на бројката на странски туристи што доаѓаат од Кина е резулат на минатогодишниот договор меѓу Кина и Камбоџа за унапредување на политичките и економски односи.

Ова Министерство соопшти дека бројката на кинески туристи во Камбоџа, во однос на истиот период минатата година е зголемена за 19 отсто.

Би можело да ве интересира

Камбоџа воведе електронска регистрација на нови претпријатија

Ана Ололовска