Украинците признаа: Целосно изгубивме контрола над источната граница

Од:

Украинските власти во четврток за прв пат признаа дека проруските бунтовници ја прошириле контролата над источниот дел на украината граница кон Русија до Азовско море.

-Овој дел од границата моментало се наоѓа под контрола на руските платеници-изјави портпаролот на војската, Андриј Лисенко, по офанзивата која што минатиот месец на југоисток на Украина ја покренаа бунтовниците.

„Франс прес“ пренесува дека пред десетина дена забележале дека во јужниот дел на регионот Донбас нема украински воени сили, но ова е прв пат украинските власти службено да признаат дека ја губат контролата над границата во тоа подрачје.

Украина минатиот петок со сепаратистите потпиша договор за прекин на огнот, кој како што изјави украинскиот претседател Петро Порошенко се почитува.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми