СЗО алармира дека Украина не располага со неопходните количини вакцини

Од:

Украина не располага со неопходните количества вакцини и има итна потреба од хуманитарна помош, алармира Светската здравствена организација.

Според СЗО, уште пред кризата имаше недостиг на вакцини во Источна Украина.

Во земјата има и недостиг на лекарства, додаваат од организацијата.

СЗО стравува од веројатноста од избувнување епидемии од полиомиелит или рубеола.

Организацијата и нејзините партнери ќе ги зголемат напорите за доставување лекови и хируршки материјали за 340.000 лица.

Во средината на август СЗО побара 14 милиони долари, за да одговори на потребите на Украина. Според портпарол на организацијата досега се добиени едвај 40.000 долари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми