Романската Национална дирекција за борба против корупцијата во моментот истражува над 4.500 случаи на корупција во високите и средни слоеви на власта, изјави денеска главниот обвинител на дирекцијата Лаура Кодруца Ковеши, на конференција организирана од Институтот Аспен Романија.
– Само во минатата година по истрагите на НДБК конечни пресуди добија над 1.000 лица, а обвинителите наложија замрзнување на имот во износ од 350 милиони евра, изјави Ковеши.
Ковеши рече дека во последните години антикорупциското обвинителство се занимавало најмногу со корупцијата на високо ниво.
– НДБК е институција во судскиот систем која има најголема доверба кај Романците, и пример за добри практики, посочени во извештајот против корупцијата на ЕУ, рече Ковеши.