Вработените во контроверзната американска компанија „Haliburton“ пред околу една недела изгубиле радиоактивна шипка за тестирање на нафта и гас некаде во пустината во Тексас.
Изгубената шипка на себе има ознака „радиоактивна опасност, не допирајте и известете ги државните органи, ако ја најдете“.
Во потрага по неа е вклучена и националната гарда.
Компанијата вети награда за пронаоѓачот, а тројцата вработени што ја изгубиле се под истрага на ФБИ.
„ Haliburton“ е позната по сомнителното изливање на нафта во катастрофата во „Бритиш Петролеум“, а работи во Ирак, Иран и Либија.