Светскиот првак Германија квалификациите за ЕУРО 2016 ги почна со победа

Од:

Актуелниот светски шампион Германија со победа над Шкотска од 2:1 ги почна квалификациите за ЕУРО 2016. Стрелец на двата гола за Германија беше Томас Милер.

Изненадување направи селекцијата на Албанија со триумфот во Лисабон над Португалија од 1:0, додека Полска со високи 7:0 славеше против Гибралтар, на првиот официјален натпревар на оваа земја. Победа од 1:0 на гости постигна и Романија против Грција, која поради казна играше пред празни трибини.

Резултати на синоќа одиграните натпревари од 1.коло од квалификациите за Европското првенство 2016:

Д група: Грузија – Република Ирска 1:2, Германија – Шкотска 2:1, Гибралтар – Полска 0:7.

Ф група: Унгарија – Северна Ирска 1:2, Фарски острови – Финска 1:3, Грција – Романија 0:1.

И група: Данска – Ерменија 2:1, Португалија – Албанија 0:1. Слободна е Србија.

Македонија натпреварот од 1.коло од квалификациите го игра вечерва од 20:45 часот во Валенсија против европскиот првак Шпанија. Покрај овој натпревар од Ц групата играат уште: Луксембург – Белорусија и Украина – Словачка.

Во другите групи вечерва на програмата се дуелите: Естонија – Словенија, Сан Марино – Литванија и Швајцарија – Англија (Е група), Русија – Лихтенштајн, Австрија – Шведска и Црна Гора – Молдавија (Г група).

Утре се играат натпревари во уште три групи.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

(ВИДЕО) Миовски погоди за нов триумф без примен гол и историски резултат на Македонија во Лигата на нации

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ВИДЕО: Тренер во Италија полуде поради потег на фудбалер, го нападна на теренот

Предраг Петровиќ

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

Мбапе повеќе не сака да игра за Франција додека Дешамп е селектор

Предраг Петровиќ