ДНР пушта заробеници денеска, Киев в понедленик

Од:

Силите на самопрогласената Доњецка народна република ќе ги ослободат денеска сите заробени украински војници додека киевските власти се обврзаа заробените кои ги држат да ги пуштат в понеделник, изјави денеска премиерот на ДНР Александар Захарченко.

– Без оглед што украинските војници го кршат прекинот на огнот, ние ќе ги пуштиме украинските заробеници. Тоа ќе се случи денеска, а в понеделник Киев ќе ни предаде воени заробеници, изјави тој.

Руски медиумми јавија дека началникот на главната истражна управа на украинската Служба за безбедност им предал на претставници на ДНР и ЛНР списоци со имиња на украински војници кои се заробени или се водат како исчезнати. Проценките се дека повеќе од 200 припадници на украинските сили се во заробеништво. Размената на заѕробеници е дел од договорот за прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми