Припадници на руските безбедносни сили во потрага по исчезнатата новинарка од Крим

Од:

Во југоисточна Украина исчезна репортерката на Кримската радио-телевизија, Ана Моховаја и во операцијата за нејзино пронаоѓање се вклучени припадници на руските сили за безбедност, изјави денеска главниот уредник на Државната радио-телевизија „Крим“, Екатерина Козир.

Според неа новинарката е сместена во затвор од Службата за безбедност на Украина во градот Изјом, во близина на Харков.

Козир додаде дека украинската Служба не се согласила на преговори за ослободување на новинарката.

Ана Моховаја беше задржана на 24 август во зоната на борбените дејствија во Доњецката област, на пат меѓу Пакевска и Доњецк. Заедно со неа е уапсен и друг руски новинар, Алексеј Шаповалов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми