Лисенко: Две илјади руски војници загинале во конфликтот во источна Украина

Од:

Околу две илјади руски војници загинаа досега во конфликтот во источна Украина, изјави портпаролот на украинските воени сили Андриј Лисенко.

– Засега не е можно оваа бројка да биде потврдена од независен извор. Русија демантира дека испраќа свои војници во Украина за поддршка на проруските сепаратисти, кои се борат против владините сили. Киев и западните земји велат дека има цврсти докази за директно учество на руски војници во борбите во источна Украина.

Над сто офицери загинале во југоисточна Украина за време на специјалната операција на Киев, изјави советникот на министерот за одбрана на Украина, Олександар Данилук.

– За време на спроведувањето на антитерористичката операција загинаа 114 офицери, од кои 15 полковници, 16 мајори, 36 капетани. Ранети се 237 офицери, од кои 19 полковници, 43 мајори, 72 капетани, додаде тој.

Претходно украинскиот претседател Петро Порошенко призна дека украинските војници плаќаат скапа цена за борбените дејствија во Донбас. Тој прецизираше дека во т.н. Доњецка народна република за време на специјалната операција загинале најмалку осум илјади припадници на силите за безбедност, а бројот на ранетите е повисок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми