Порошенко се сретна со западните лидери пред официјалниот почеток на самитот на НАТО во Велс

Од:

Украинскиот претседател Петро Порошенко и лидерите на САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија во Њупорт почнаа разговори пред официјалното отворање на средбата на врвот на НАТО во овој британски град, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори.

Порошенко ќе ги информира западните политички лидери за ситуацијата во источна Украина и со нив ќе ги разгледа планот за надминување на кризата, предложен вчера од рускиот претседател Владимир Путин.

Украинскиот претседател е седнат меѓу американскиот и францускиот колега, Барак Обама и Франсоа Оланд. На масата за разговори се уште германскиот канцелар Ангела Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон и неговиот италијански колега Матео Ренци, соопштија француските медиуми.

Дискусијата ќе продолжи и вечерва на официјално ниво, на заседание на комисијата НАТО-Украина, под претседателство на генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен, посочува ИТАР-ТАСС.

На дводневниот самит на НАТО се очекува лидерите од Северноатлантската Алијанса да го одобрат создавањето фондови во вредност од околу 12 милиони евра за подобрување на украинските воени можности во логистиката, командувањето и кибер одбраната, забележаа британските медиумни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми