ФОТО: Првиот албино делфин на Јадранот

Од:

Албус – како што е наречен е еден од 20 бели делфини во светот за првпат деновиве бил забележан во водите на Јадранското море.

Албино-делфинот според научниците, со оглед на тоа што е виден во друштво на уште еден делфин е мажјак.

Портпаролот на Хрватскиот завод за морски свет изјавил дека ова е првиот албино-делфин виден не само во вдите на Јадранското море, туку и на целото Средоземје.

Делфините најчесто имаат сива боја, но поради некои ретки генетски мутации може да се случи да бидат и целосно бели.

Кај другите животни најчесто албино-единките ги убиваат поради тоа што другите животни сметаат дека тие се послаби, затоа што се поразлични.

Кај делфините тоа не е така, велат научниците, бидејќи овие морски животни се многу друштвени.

Би можело да ве интересира

Редок вид е пронајден на Јадранот: Џинот меѓу рибите, може да порасне и до осум метри

Невреме во североисточниот дел на Јадранот

Наум Локоски