Партнерите на „Евергрин Енерџи“ ќе се запознаат со индустриските зони во Охрид

Од:

Фабриката за камини на пелети „Евергрин Енерџи“ од Охрид, која последниве години станува еден од најголемите извозници во југозападниот регион од Македонија и извезува производи во над 20 земји од Европа, денеска ќе ја посети охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.

На средбата со менаџментот на компанијата Бакрачески ќе разговара околу можноста, слободните индустриски зони да се презентираат пред бројните партнери на „Евергрин Енерџи“ во Европа со цел над дваесет големи фирми од Европа да ги осознаат можностите за инвестирање во општината.

„Евергрин Енерџи“ произведува камини од сопствен бренд, но и ултрамодерно дизајнирани камини на пелети за Италија кои се произведуваат под италијански бренд. Компанијата постојано го зголемува извозот и бројот на вработените, а последниов месец инвестирано е во нови машини и опрема.

Би можело да ве интересира

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“