Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска имаше средба со штабните офицери од составот на АРМ, кои во наредните шест месеци ќе бидат распоредени во рамките на регионалната команда на ИСАФ-Север, во Мазар Ел Шариф, Авганистан, која е во надлежност на Вооружените сили на Германија.
Како што соопшти ГШ на АРМ, тим од пет штабни офицери со различни специјалности, во наредните шест месеци ќе извршува задачи за обука, асистенција и советување на Авганистанските безбедносни сили.
Генералот Котески на штабните офицери им посака успешна работа, при што ги нагласи важноста, сериозноста и професионалното извршување на задачите.