Вицепремиерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Андреј Пургин изјави денеска дека следните консултации на Контакт групата за решавање на украинската криза ќе се одржат на 5 септември, кога ќе се разгледаат потезите за прекин на огнот и можноста за размена на заробеници „сите за се“.
– Следната средба ќе биде на 5 септември. Засега ги разменивме само документите од укаринска страна. Тие го приложија само своето толкување на ситуацијата, а ние своето, истакна Пургин по денешните консултации на Групата во минск.
Според него, следната средба треба да води кон поконкретни разгледувања на прашањата.
ИТАР ТАСС пренесува дека претставници на страните во конфликтот ќе формираат специјални работни групи за конкретни прашања, како што е размена на заробеници, употреба и контрола на тешка артилерија и авијација, а одвоена група би се занимавала со темата за прекин на огнот.