Украинскиот Совет за безбедност и одбрана денеска донесе одлука од оваа есен во државата повторно да биде воведена воена обврска, но регрутите да не служат воен рок во конфликтните зони во југоисточниот дел од земјата.
Советот не утврди колку ќе трае отслужувањето на воениот рок.
Воената служба во минатото беше редовна обврска во Украина, но поранешниот претседател Виктор Јанукович го укина служењето и воведе формирање на професионална војска.