Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска изјави дека ситуацијата во зоната на судирите во источниот дел на Украина „е исклучително тешка, но е под контрола“.
Зборувајќи по претрпените загуби на украинската војска и преземањето на пограничниот град Новоазовск во Доњецката област од страна на проруските сили, Порошенко на вонредната седница на Националниот совет за безбедност и одбрана истакна дека руски војници пристигнале да ги „спасат бунтовниците по претходните воени успеси на Киев“.
Порошенко одлучи да ја откаже посетата на Турција поради „драстичното влошување на ситуацијата во регионот на Доњецк, бидејќи руски војници всушност влегле во Украина“.