Три лица загинаа денеска во Доњецк откако артилериска граната, која наводно ја истрелале украински војници, го погодила Домот на културата.
Според очевидци, загинатите се наоѓале во автомобил кој изгорел по експлозијата, а во инцидентот биле оштетени и околните згради.
Истражни екипи се обидуваат да откријат од каде е истрелана гранатата, а сведоци тврдат дека тоа го направила група украински војници.