Украинските власти ја обвинија денеска Москва дека поставила воена база во југоистониот дел на Украина, а наводно станува збор за тактички баталјон во близина на селото Победа, оддалечено околу 50 километри од Доњецк.
Портпаролот на украинските служби за безбедност, Андриј Лисенко наведе дека во селото се наоѓа штабот на баталјонот, а северно од него навлегле 20.000 руски војници кои се донесени со оклопни возила и камиони.
Русија остро ги демантираше тврдењата на Киев дека војници на руската армија преминале на територија на Украина, а пред 10 дена признаа дека група од 10 руски војници за време на патрола долж границата по грешка навлегле во Украина каде биле заробени.