Во коментарoт под наслов „ДУИ ќе не однесе во ЕУ- Та што мајка се буниме”, порталот „Алмакос” тврди дека и овој пат, како и секогаш до сега, нa еврокомесарот за проширување Штефан Филе, преставниците на ДУИ му ја искажале својата цврста определба за интеграција на земјата во ЕУ.
Но, според порталот, се чини дека функционерите на ДУИ никогаш не Филе не му зборуваат за информативниот мрак и затворените медиуми, за политичките апсења, за монтираните судски процеси, за непотизмот, за партизираните државни институции, за меѓуетничките натегања за добивање дневно-политички поени.
Оттука, пишува „Алмакос”, постои опасноста, при посетите на Скопје, претставниците од Брисел да ја видат само Македонија на Груевски и Али Ахмети, која несомнено дека е добра за челниците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
“За да не се случи тоа, претставниците на ЕУ кои ја посетуваат државата, треба да се прашаат како е можно една Македонија, чии официјални лица се фалат дека прават се, неа да ја доближат кон ЕУ, да станува се понеиздржлива за нејзините граѓани? Без да одговорат на ова прашање, тие никогаш нема да го дознаат тоа што го знаеме ние: дека Македонија се состои од три реалности – македонската, албанската и мултиетничката, таа во која живеат задоволните збратимени партиски елити на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои управуваат со државата”, се вели во коментарот на овој портал.
„Македонија која ја градат Груевски и Ахмети, носи закони со европски предзнак, но кои се спроведуваат според балкански методологии. И таквата Македонија навистина тргнала на пат кон Брисел, но може да се случи таму да стаса со три главни градови во неа: Штип за Македонците, Тетово за Албанци и со Скопје како главен град на федерацијата со европски стандарди, но скроена според балкански методи и наречена Федеративна Република Северна Македонија”, се вели во коментарот на порталот „Aламкоc”.