Турчинов и Јанцењук ја напуштија партијата на Тимошенко

Од:

Премиерот на Украина Арсениј Јанцењук и претседателот на украинскиот парламент Александар Турчинов ја напуштија партијата Баткившчина (Татковина), која ја води поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко.

Иако сме поделени во политичките ставови, тоа не значи дека постои конфликт, напишал министерот за внатрешни работи Арсен Аваков на својата Фејсбук страница, коментирајќи го заминувањето на Јанцењук и Турчинов од партијата, пренесува ИТАР-ТАСС.

– Имам пријатели во Баткившчина. Имам многу заеднички работи со нив и се надевам на многу добри работи во иднина, напишал Аваков, кој, исто така порано бил член на партијата.

Локалните аналитичари сметаат дека заминувањетон а двајца претставници од партијата укажува на нивна намера да основаат независна политичка игра и да се дистанцираат од партијата на Тимошенко за време на изборната кампања, наведува ИТАР-ТАСС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми