Украинскиот претседател Петро Порошенко во телефонскиот разговор со претседателот на Европската унија Херман ван Ромпуј изрази загриженост поради плановите на Масква да испрати нов хуманитарен конвој, како и од нарушувањето на украинската граница од руски оклопни возила.
Порошенко и Ромпуј разговараа за ситуацијата во Украина пред утрешната средба меѓу Киев, ЕУ и Евроазиската тројка (Русија, Белорусија и Казахстан) во Минск.
Украинскиот претседател побара од Ромпуј да се преземат заеднички акции за прекин на војната во Украина.