Проруските сили ги натераа украинските заробени војници да маршираат по главната улица на Донјецк, додека луѓето од страна им довикуваа „фашисти“.
Некои од заробениците имаа униформи а некои беа во цивилна облека. Агенцијата АФП наведува дека парадата на воените заробеници е направена со цел да да се изложи на потсмев славењето на Денот на независноста на Украина.
Оклопни возила со противтенковско вооружување и камиони кои влечеа ракетни системи ја предводеа колоната од војници кои беа присилени да парадираат по повод 23 години од одвојувањето на Украина од Советскиот Сојуз.