Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во источниот дел на Романија, соопшти Националниот институт за геофизика.
Епицентарот на земјотресот бил во сеизмичната зона Вранча, на длабочина од 147 километри. Земјотресот бил почувствуван и во Букурешт.
Нема информации за повредени лица и причинета материјална штета.
Во реонот на Вранча се пресекуваат три тектонски плочи и Романија е една најсеизмичките зони во Европа. Во земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтер во 1997 година загинаа 1.574 луѓе.