Бугарија ќе ги уценува Србија и Македонија во пристапувањето на ЕУ

Од:

Приближувањето на Македонија и Србија кон Европската унија ќе го попречи соседна Бугарија за да реши некои билатерални прашања, објави „Дојче Веле“.

Неодамна, бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Младенов рече дека „Бугарија треба да ги дефинира своите насоки околу интеграцијиите во Европската фамилија на соседните земји“, притоа не сакајќи да изнесе повеќе детали на што поточно мисли.

Потпретседателката на Бугарија, Маргарита Попова оваа пролет предизвика голем број реакции во Србија, велејќи во својот говор во Бослилеград дека Србија нема да влезе во ЕУ ако не го реши прашањето околу бугарското малцинство.

Попова тогаш истакна дека Софија ќе го користи правото на вето за да обезбеди почитување на правата на бугарската заедница во Србија.

Политикологот Мартин Лесенски смета дека со ваквите изјави само се се подига тензијата што владее меѓу соседите, а дека Бугарија како членка на ЕУ има обрска да постапува одмерено.

Поранешната шефица на бугарскиот тим во преговорите за пристапување со ЕУ, Антонаета Приматарова потсетува дека „инструментализацијата“ на европската перспектива на Србија и Македонија, со цел решавање отворени меѓусоседски прашања е многу несоодветна и невкусна одлука.

Како пример таа го посочи граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска, поради кој Словенија ја блокираше Хрватска во пристапувањето.

„Спорот имаше јасна и правна димензија, додека многу е тешко да се направи законска рамка за македонско-бугарскиот конфликт околу јазикот, историјата и културата“, изјави Приматова.

„Се надевам дека нема да доживееме бугарско продолжение на смешниот спор околу името помеѓу Грција и Македонија“, заклучи таа.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он