Украина ја повика меѓународната заедница да ги осуди незаконските активности на Русија

Од:

Украина нагласи дека навлегувањето на руските камиони со хуманитарна помош на нејзина територија е очигледно нарушување на меѓународното право и ја повика меѓународната заедница да ги осуди активностите на Русија како нелегални и агресивни.

Украинското Министерство за надворешни работи истакна дека на колоната возила не и било дадена дозвола за влез, но сепак и било дозволено да ја премине границата, со цел да се избегнат идни провокативни дејствија.

Киев претходно посочи дека Русија извршила директно навлегување на руска територија, испраќајќи конвој во источна Украина.

– Ги повикуваме сите меѓународни партнери да се обединат во одлучна осуда на руските незаконски и агресивни акти, нагласи Министерството.

– За да ги избегнеме евентуалните провокации ги дадовме сите неопходни наредби за безбедно преминување на конвојот, се додава во соопштението.

Според украинската погранична служба 145 камиони ја преминале границата од Русија во 10:30 часот според Гринич.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми