Наливајченко: Рускиот хуманитарен конвој е директна инвазија врз Украина

Од:

Началникот на украинските служби за безбедност ја обвини Русија за „директна инвазија“ откако Москва одлучи конвојот со хуманитарната помош да влезе на територијата на Украина без да биде проверен.

– Тоа е директна инвазија. Станува збор за воени возила под цинично покритие на Црвениот крст, изјави шефот на Службата за безбедност на Украина, Валентин Наливајченко.

Портпаролот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана Андриј Лисенко истакна дека одговорноста за безбендоста на конвојот со хуманитарна помош ја сноси Русија.

– Украинската страна предложи преговори со Русија, но Русија одби. Повторувам, дека одговорноста за безбедноста ја сноси Русија, посочи Лисенко.

Тој додаде дека рускиот конвој со хуманитарната помош се движи на територијата на Украина без придружба на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и оти тоа е прекршување на постигнатиот договор за инспекција и регистрација на руската хуманитарна помош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми