Кобра: Хуманитарната ситуација во Луганск е многу тешка

Од:

Претставници на Црвениот крст констатираа многу тешка ситуација во Луганск, каде се гранатираат станбените квартови, изјави на прес-конференцвија во Москва шефот за оперативни активнпости на Меѓународниот комитет на Црвениот крст за Европа и за Централна Азија, Лоран Кобра.

Тој наведе дека претставници на Црвениот крст вчера го посетиле Луганск за да ја оцената хуманитарната сутуација и да го подготват приемот на хуманитарна помош.

– Хуманитарната ситуација е многу тешка. Во градот нема вода, нема електрична енергија. Луѓето се плашат да излезат од своите домови бидејќи може да пукаат врз нив. Покрај тоа стамбените квартови се гранатираат, поради што се загрозени животите на цивилите, посочи Кобра.

Тој наведе дека стотици илјади луѓе ги напуштиле домовите, а до тие што останале пристигнала многу малку хуманитарна помош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми